Хамилтон ќе донира 450.000 евра на жртвите од пожарите во Австралија (ВИДЕО)
Пилотот на Мерцедес изјави дека е скршен поради штетата што пожарот ја нанесе на луѓето и на животните во земјата.
Големи шумски пожари избувнаа на источниот брег на Австралија во средината на октомври минатата година. Во моментот, огнената стихија опфати значителни територии во југоисточниот дел на континентот во државите Нов Јужен Велс и Викторија.
Пожарите однесоа најмалку 26 жртви, вклучително и тројца пожарникари, уништувајќи повеќе од 10.7 милиони хектари шуми, повеќе од 2.000 домови и над 3.000 канцелариски и земјоделски објекти.
Локалниот еколог професор Крис Дикман претходно оваа недела објави дека најмалку една милијарда животни починале од пожарите.