Келн потврди: Чурлинов ја одби нашата понуда, за ден-два ќе оди во Штутгарт!

Македонскиот младински репрезентативец Дарко Чурлинов е пред трансфер во второлигашот Келн, а германските медиуми уште пред два дена го најавија можниот трансфер и сега спортскиот директор на „јарците“, Хорст Хелд ги потврди сите тие најави.

Чурлинов има договор со Келн до крајот на сезонава, а Штутгарт уште летоска сакаше да го ангажира, но обидот не успеа, а младиот Македонец дебитираше во Бундеслигата, но не доби преголема минутажа. Во септември проблемот на Келн и Чурлинов беше обелоденет, откако офанзивниот фудбалер побара да биде постојано со првиот тим, а не на релација младинци-сениори, па новата понуда од „јарците“ очигледно беше незадоволителна за него.

„Во преговори сме со Штутгарт. Дарко не сака да ја прифати нашата августовска понуда и очекувам за ден-два да се реализира трансферот“, посочил Хелд за германските медиуми.

Чурлинов има само 20 минути во Бундеслигата, а за младинскиот тим во регионалната лига има шест гола и две асистенции во девет меча.