Николовска ѝ пресуди на Андора и донесе нова победа на Македонија

Македонската женска фудбалска репрезентација славеше со 1-0 против Андора во петтото коло од квалификациите за Светското првенство (СП).

Македонија ја контролираше играта и создаваше шанси, но Андора успешно го бранеше својот гол сè до 86. минута кога Павлина Николовска погоди за 1-0.

Фудбалерките на Македонија по пет одиграни кола се наоѓаат на третата позиција во групата 3 со шест бодови, додека пред неа се Азербејџан со девет и Унгарија со 13 поени.