Македонија загуби од Холандија на стартот на Европската лига 2026

Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска со пораз од 0-3 во сетови, односно 19-25, 21-25 и 22-25 во салата „Парк“ во Струмица го отвори новото издание на Европската лига 2026.

Холандија ја контролираше играта во првиот сет и на крајот стигна до 25-19, додека „лалињата“ не беа најдобри на почетокот на вториот сет кога Македонија водеше неколку пати, а последно со 11-10. Потоа ривалот влезе во одличен ритам и стигна до 25-21.

Третиот сет го одбележа нова доминација на Холандија, која го имаше водството од првиот до последен поен и славеше со 25-22. Најдобар во победничкиот тим со 25 поени беше Мејс, додека Никола Ѓоргиев запиша 11 поени за Македонија.

Македонија вториот натпревар го игра против Луксембург на 7 јуни од 19 часот.

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија