Шок на Ролан Гарос: Не се одигра второто полуфинале, ќе им ги вратат парите на навивачите

Големо изненадување се случи на Ролан Гарос откако не се одигра второто полуфинале меѓу Матео Арналди и Флавио Коболи, поради што навивачите ќе си ги добијат парите назад.

Сите очекуваа италијанско дерби за пласман во финалето, но Арналди мораше да се повлече поради тоа што е болен и не можел да се соочи против Коболи.

За титулата на вториот гренслем-турнир во сезоната ќе се борат Коболи и Александер Зверев, кој претходно го елиминираше Јакуб Меншик. Финалето е закажано в недела од 15 часот.