Искусен голгетер ѝ се понуди на Барселона - цената е 75 милиони евра!
Каталонскиот гигант покажа голем интерес за Хулијан Алварез, меѓутоа аргентинскиот фудбалер изгледа како невозможна мисија, па поради тоа на Барселона ѝ бил понуден друг напаѓач.
Светските медиуми пишуваат дека на Барселона ѝ бил понуден Виктор Осимен од Галатасарај, а цената би била 75 милиони евра.
Нигериецот оваа сезона настапи на 33 натпревари за Галатасарај, а притоа постигна 22 голови и седум асистенции.
Фото: Facebook/FC Barcelona