ПСЖ му ја „затвори вратата“ на Перез - нема да ги продава Витиња и Невеш!

Францускиот и европски шампион ПСЖ испрати јасна порака до Реал Мадрид и претседателот Флорентино Перез дека нема намера да ги продаде Жоао Невеш и Витиња.

Раководството на ПСЖ не сака да ги продава најголемите ѕвезди дури и да пристигне понуда од 150 милиони евра од „кралевите“, откако Перез претходно најави дека ќе активира „бомба“.

Ова е втора „корпа“ за Перез во само неколку часови, откако претходно беше објавено дека оди по потписот на Мајкл Олисе од Баерн Минхен, но гигантот соопшти дека нема да ја продава својата ѕвезда ниту за 200 милиони евра.

Фото: Facebook/PSG - Paris Saint-Germain