Кошаркарскиот меч меѓу Билбао и Барселона ќе се игра пред - 82.000 навивачи!?

На 26 април 2020 година ќе се одржи спектакуларниот меч меѓу Билбао и Барселона, а истиот ќе биде одигран на фудбалски стадион со доработени монтажни трибини, на кои би можеле да бидат сместени 82.000 гледачи.

Со договорот меѓу кошаркарскиот и фудбалскиот клуб од престолнината на Баскија е решено мечот од 31. коло во шпанската лига да се игра на стадионот „Сан Мамес“, кој собира 53.289 гледачи, плус ќе бидат поставени монтажни трибини со капацитет од 28.644 столчиња.

Тоа значи дека најверојатно рекордот поставен во финалето на Евробаскетот во 2015 година меѓу Франција и Шпанија, кој беше одигран на „Пјер-Морој“ најверојатно ќе биде урнат.