Нова конкуренција за Елмас: Фудбалер на Селта е пред потпис со Наполи

Наполи сериозно работи на трансфер-пазарот со цел да го засили средниот ред. Италијанскиот вицепрвак е многу близу да го ангажира Софијан Амрабат од Верано, а веќе работи на уште еден трансфер. 

Италијанските медиуми велат дека дел од директорите на „наполитанците“ се веќе во Шпанија за да ги договорат сите детали за трансфер на Станислав Лоботка од Селта Виго. Словачкиот репрезентативец има откупна клаузула од 50 милиони евра, но Италијанците се надеваат дека ќе можат да го добијат фудбалерот од средниот ред за 30 милиони.

Ова сигурно не се добри вести за нашиот репрезентативец Елиф Елмас, кој ќе добие сериозна конкуренција во средниот ред на Наполи уште зимава. Трансферот на Амрабат веројатно ќе се реализира идното лето, бидејќи тој не може да потпише за трет клуб сезонава, која ја почна во Бриж, а потоа премина во Верона.