Џејмс: Деца доаѓаат да ме гледаат, ако сум здрав сигурно ќе играм!

Леброн Џејмс ја игра својата 17-та сезона во кариерата и нема планови да застане. Суперстарот оваа натпреварувачка година ги одигра досега сите натпревари за Лејкерс. 

За разлика од некои други ѕвезди во НБА, тој не верува во „лоад менаџмент“ или одморање на не толку важните натпревари. Тој сака да игра што повеќе натпревари, не само за него, туку и за навивачите кои доаѓаат да го гледаат на натпреварите ширум САД.

„Зошто не би играл ако сум здрав? Не знам уште колку натпревари имам до крајот на кариерата. Не знам колку деца би дошле на натпревар за да ме гледаат како играм, а ако не играм, што тогаш? Ако сум здрав, тогаш сигурно ќе играм“, изјави Џејмс.

Ова прашање во НБА стана актуелно, откако многу тимови ги одмораат своите ѕвезди на дел од натпреварите. Тоа особено важи за Каваи Ленар до Лос Анџелс клиперс, кој пропушти речиси половина натпревари сезонава и тоа не поради повреда, туку за одмор и штедење.