Мурињо не бил прв избор на Тотнем за нов менаџер
Претседателот Даниел Леви веќе извесно време го подготвувал отказот за Покетино, па пред неколку недели го исконтактирал Лестер сити за менаџерот Брендан Роџерс. „Лисиците“ веднаш го одбиле Леви и му порачале дека нема шанси да се откажат од својот менаџер по фантастичниот старт на сезоната по кој тимот е на втората позиција на табелата.
Потоа Леви стапил во контакт со Мурињо, кој беше слободен агент по отказот од Манчестер јунајтед минатиот декември.