За Мертенс се „тепаат“ гиганти, а тој сите ги шокира со изборот

Дрес Мертенс, една од најголемите ѕвезди на Наполи и посочен како „пучистот“ од кој избувна пожарот во последниот период под Везув веќе е извесно дека ќе си замине од италијанскиот калчолигаш и тоа изненадувачки во – Канада.

За одличниот Белгиец има интерес од италијанските гиганти Интер, Милан, дури има информаци дека Маурицио Сари сака да го донесе во Јувентус, а се споменуваат уште неколку гиганти кои покажале интерес, но тој се решил на изненадувачка опција. Да игра во американско-канадската МЛС-лига.

Изборот му е Монтреал Импакт, каде тренер од пред неколку дена е француската легенда Тјери Анри. Наводно Канаѓаните веќе подготвиле понуда за Мертенс, а наскоро официјално ќе биде испратена. Мертенс во Наполи е од 2013 година и досега има 295 меча за овој тим.