Замина уште една легенда: Давид Вилја му кажа збогум на фудбалот
Освојувачот на европската и светската титула со репрезентацијата на Шпанија од активното играње фудбал ќе се збогува на крајот на годината кога ќе го прослави 38. роденден.
„Долго време размислував за одлуката. Таа е резултат на долги дискусии со семејството и пријателите. Сакам да ја завршам кариерата“, кажа Вилја на прес-конференцијата за медиумите.
Најмногу успех имаше во Барселона во период од 2010 до 2013 година, кога освои осум трофеи меѓу кои две во Ла Лига и Лигата на шампиони, а ќе остане и запаметен по голот во финалето на лондонско „Вембли“ во победата против Манчестер јунајтед со 3-1.