
Емери доби ултиматум од Арсенал – до Нова година да се подобри или ќе добие клоца!
Според информациите на англиските медиуми, следните четири меча на Арсенал се шанса за Емери да ги поправи резултатите, но и да покаже дека е кадарен да го води клубот до многу поголеми успеси, а ако киксне тогаш дефинитивно му се заканува клоца. Арсенал после двонеделната пауза поради завршницата на евриквалификациите го очекуваат пресметки со Саутепмтон, Норич, Брајтон и Вест Хем, а овие мечеви се добредојдени за да се врати самодовербата и да се фати победнички ритам пред „боксинг деј“.
Клучни мечеви ќе бидат дуелите во традиционалниот период од Божиќ до Нова Година, кога Арсенал го чекаат пресметки со Челси, Манчестер сити и Манчестер јунајтед и исходот од овие дуели ќе биде клучен за останувањето на Шпанецот, освен ако предвреме не добие отказ и направи киксови со мечевите кои мора и треба да ги добие до периодот на дербија.
За Емери да остане на кормилото, најмногу ќе завиди пресметката со Манчестер јунајтед на првиот ден од 2020 година, а ако Арсенал е близу до првите четири места кои водат во ЛШ, тогаш ќе остане до крајот на сезоната. Ако не, добива отказ и Арсенал ќе бара нов кормилар, а од поодамна се најавува дека Жозе Мурињо е првиот кандидат за клупата на „Емирати“.