Ракитиќ не сака да биде втор избор: Хрватот ја напушта Барселона?

Иван Ракитиќ се соочува со тежок период во Барселона, откако падна во втор план кај тренерот Ернесто Валверде, па Хрватот сака да го напушти клубот ако не добие шанса во првиот тим.

Шпанските медиуми објавија дека Ракитиќ во јануари би можел да се пресели во Серија А, а заинтересирани за неговиот потпис се Јувентус и Интер.

Интер и претходно се поврзуваше со хрватскиот фудбалер, а очигледно најголема шанса да го ангажираат ќе имаат во текот на јануари.