Луѓе со купени билети не влегле на финалето - Охрид ќе им ги враќа парите!
Наместо лица кои уредно имале влезница за натпреварот, влегувале луѓе без билет.
Клубот денеска излезе со соопштение во кое се вели дека ќе им бидат вратени парите на оние кои имале влезници, а не влегле.
„За тие што не успеаа да влезат во сала со купени карти, во петок од 17:00 до 19:00 ќе се врши рефундација на средства на билетарата при СРЦ „Билјанини извори““, стои во соопштението на Охрид.
На објавите на социјалните мрежи на Охрид е забрането коментирање на ова соопштение, клубот се чини дека избегнува од прва рака да го слушне големиот револт на оштетените навивачи.