Абутовиќ: Те сакам Македонијо, секогаш ќе бидеш во - моето срце!
Абутовиќ остави голема трага во Вардар со кој стана и Европски шампион, но подоцна играше и за Пелистер од кој сега заминува.
На социјалните мрежи Абутовиќ емотивно се збогуваше.
„Благодарам Пелистер и Битола на овие две години. Благодарам за новите искуства, новите познанства и најмногу за новите пријателства. Честитки за Вардар за освоената титула, честитки за Охрид за истирискиот европски трофеј.
Те сакам Македонијо. И ти благодарам за сите години што ги поминав тука и за сите работи шти го доживеав како спортист и како човек. Засекогаш ќе бидеш во моето срце“, напиша Абутовиќ.
Тој во наредната сезона ќе настапува за Партизан, повторно ќе соработува со Раул Гонзалез.
