Федерер се повлече од Париз: Морам да се штедам!
Швајцарецот требаше да биде носител број 3 на турнирот. Тој сака да биде целосно фит за завршниот мастерс во Лондон.
„Морам да се штедам, бидејќи сакам да играм на АТП турнеата што е можно подолго. Жал ми е за моите навивачи од Франција, но ќе се видиме идната година на Ролан Гарос“, објави Федерер.