Кек: Бевме преслаби денеска – Македонија потполно си ја заслужи победата!

Селекторот на словенечката репрезентација Матјаж Кек по поразот од Македонија со 0-2 изјави дека избраниците на Игор Ангеловски заслужено победиле во еден од клучните мечеви во овие евроквалификации.

Елиф Елмас во два потега го реши словенечкиот тим, по што Кек честиташе за триумфот на македонската селекција.

„Честитки за Макеоднија за оваа победа, која е потполно заслужена. Ние бевме едноставно преслаби, за да очекуваме победа на овој меч. Денеска победи Македонија, не сакам да акцентирам поединци, зашто сите тие заедно заслужено си победија. Нас нѐ очекува нов меч со Австрија во Љубљана и се вртиме на тој дуел. Едноставно, ние денеска бевме преслаби во секој сегмент, разочарувачки слаби. Не сме ние толку лоши како што покажавме денеска, подобри сме, ама така е во фудбалот. Но, треба секој да преземе одговорност, покажавме и недисциплина. Јас стравував дека вакво нешто може да се случи и се случи“, рече Кек.