Реал со победнички старт во Евролига: Тејлор беспрекорен во триумфот над Фенер (ВИДЕО)
Мадриѓани ја имаа резултатската контрола во најголемиот дел од натпреварот, во поедини моменти водеа и со двоцифрена разлика и на крајот сосема заслужено дојдоа до првата победа во најквалитетното кошаркарско натпреварување во Европа.
Најзаслужен за оваа победа на „кралевите“ беше Џефери Тејлор кој одигра одлична партија постигнувајќи 19 поени со само едно промашување (5/5 за два и 3/4 за три поени).
Претходно, победа запиша и Баерн кој на домашен терен му го зема скалпот на Армани Милано (78-64).