Конте: Интер не заслужи да загуби од Барселона!
Тренерот на Интер, Антонио Конте после мечот објави дека неговиот тим незаслужено загубил од Барселона, после фантастичниот настап во кој Лаутаро Мартинез даде гол за водство, имаше уште две фантастични шанси...
„И направивме пекол на Барселона, а заслуживме многу повеќе од ова. Тешко е после пораз да ги барате добрите работи, но ова е незаслужен пораз. Но, треба и да се признае дека моравме да бидеме подобри со реализацијата во првиот дел. Во вториот дел напорниот период со мечеви, но и притисокот на Барселона го донесоа тоа што го гледаме како конечен резултат. Овој резултат е нефер за нас. Сега треба да го преболиме поразот и да се подготвиме за недела. Имавме извонреден настап, ама најважно е што видов карактер и храброст“, рече Конте.