Чудо во Битола: Веспрем на колена пред Еурофарм работник!
За разкуја од трите пораза во Лигата на шампионите, кога Еурофарм играше добро, имаше периоди со водство, а на крај губеше со еден разлика, овој пат покажа за еден степен повисока зрелост и предноста која ја имаше од почетокот ја претвори во најдрагоцената победа на клубот досега од неговото постоење.
Сензацијата почна да се гради по 10. минута, кога резултатот уште беше егал, четири четири. Во следните осум Веспрем не успеа да постигне гол, а главен виновник за тоа е блескавиот Никола Митревски, кој ги покри сите приоди кон мрежата. Битолчани направија серија од 5-0, поведоа со 9-4, а тоа водство го протегнаа до уште поубедливи 14-8 на паузата.
Во вториот дел природно беше да се очекува дека Веспрем ќе се врати и, барем, ќе се обиде да направи пресврт и тоа се случи. Камбекот одеше бавно, но во 47.минута Унгарците стигнаа до прво изедначување по долго време, 19-19. Еурофарм одговори со серија од 3-0, но Веспрем повторно изедначи, само што тоа изелзе дека е последниот здив на неговите обиди. Благојче Трајковски, кој го замени Никола Митревски на голот имаше една важна одбрана, во нападот Невен Стјепановиќ го одржуваше тимот и предноста од 1-3 гола опстојуваше.
Стејпановиќ заврши со пет погодоци, но Ловро Јотиќ беше најефикасен со осум гола. Никола Митревски заокружи уште една партија за паметење, со 13 интервенции. Кај Веспрем, Драган Гајиќ беше незапирлив со девет погодоци, од нив дури пет од седмерец, а македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков постигна три гола.
Со овој трет триумф од три одиграни меча, Еурофарм работник се качи на првото место во групата Б, со девет бода, колку што има и Веспрем. Со оглед дека Вадар води во групата А, македонските клубови, барем во моментов, владеат во СЕХА-лигата.