Три часа откако го загуби таткото го постигна победничкиот гол, па дури тогаш почна да плаче (ВИДЕО)
Така, во 2008 година, Френк Лампард ја презеде одговорноста и постигна гол од пенал против Ливерпул. Тој го прослави со многу емоции, а воедно и го посвети на покојната мајка, а во слична ситуација пре днеколку дена се најде Дерек Формела, фудбалер на Сакраменто од американската УСЛ-лига, кој го загуби својот татко непосредно пред натпреварот.
Три часа пред мечот, Формела дознал дека неговиот татко ја загубил битката со ракот, но ги чувал овие информации за себе, не им кажал ништо на соиграчите и решил да одигра натпреварот против РГВ Торос. Десет минути пред крајот на средбата, Формела постигна гол за 2-1, а потоа едноставно емоциите го совладаа и тој почна да плаче.