Го обвини Нејмар за силување, а сега ќе одговара за - обид за измама и изнуда!

Наџила Триндаде, девојката која го обвини Нејмар за силување, е обвинета за изнуда и измама.

Таа го обвини бразилскиот фудбалер за силување во Париз во мај годинава, но судијата ја отфрли нејзината тужба поради недостаток на докази.

Сега повторно се најде во големи проблеми. Таа е обвинета за изнуда и измама заедно со нејзиниот поранешен партнер Естивенсон Алвеш, па ако биде осудени - ги чека повеќегодишна затворска казна.