Шкупи ги доби противниците во квалификациите за ЛШ
Шкупи имаше одличен претквалификацискиот циклус каде со три победи од исто толку натпревари фи мина претквалификациите, а во продолжение во Групата 6 ќе игра заедно со хрватскиот шампион Ново Време, кипарската Омонија и ерменски Лео футсал клуб.
Натпреварите ќе се играат од 8. до 13. октомври а домаќин ќе биде Ново Време во Хрватска. Единствено првопласираната екипа ќе обезбеди настап во елитната рунда.