Навивачите на Лидс бесни: Алиоски е ужасен! (ФОТО)

Фудбалерите на Лидс го претрпеа вториот пораз сезонава во Чемпионшип, откако мораа со наведнати глави да се вратат од гостувањето кај Кардиф, во дуелот за самиот врв на табелата.

Лидс во овој дуел влезе како лидер на табелата благодарение на подобрата гол разлика, но сега има три бода помалку од Кардиф, а може да падне и на третата позиција доколку Вулверхемптон вечерва слави победа.

Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски, беше стартер, но имаше блед настап и ќе мора овој дуел што поскоро да го заборави. Беше повлечен од игра во 63-та минута, а симпатизерите на Лидс веднаш почнаа да ја критикуваат неговата физичка подготвеност, како и дека не треба да игра на натпревари во кои противникот има корпулентни дефанзивци.