Рибери денеска доаѓа во Фиренца да потпише двегодишен договор
Французинот веќе договорил сѐ со „виолетовите“, па ќе треба само да се испочитуваат формалностите пред презентацијата – да ги мине лекарските прегледи, да го потпише договорот и потоа пред медиумите да го облече дресот на својот нов клуб. Французинот сакаше да остане во „лига петка“ и тоа на крај му се остварува, а иако има 36 години и сѐ поблизу е до фудбалска пензија, сепак има уште многу да понуди, па затоа и Фиорентина ќе му даде двегодишен договор.
Во Италија доаѓа после 12 години во Баерн Минхен (425 меча-124 гола), откако летово си замина и како слободен играч бесплатно го засилува овој калчолигаш. Тој е новото џиновско име кое доаѓа на Апенините, за уште повеќе да го врати шмекот на некогап најсилната и најатрактивна лига на светот.
Прв меч на Фиорентина е в сабота против Наполи со Елиф Елмас, меч закажан за вечерниот термин од 20.30 часот на кој се очекува и дебито на Рибери, но и официјалното деби на македонскиот бисер.