Вардар утре од 19 часот гостува кај Розенборг во рамки на 2.коло од Лигата на Европа. „Црвено-црните“ денеска рано наутро тргнаа за Трондхајм, Норвешка.

Момците на Чедомир Јаневски ќе се обидат да го поправат впечатокот од првиот натпревар, кога загубија од Зенит во Скопје со убедливи 5-0. Против Розенборг нашиот шампион ќе се обиде да дојде до првите бодови во Лигата на Европа.

Експедицијата во Трондхајм ќе пристигне попладнево, а во 18.30 ќе ја има официјалната прес-конференција и секако потоа и единствениот тренинг пред утрешниот натпревар. 

Фото: ФК Вардар