Шампионот против големото проклетство наречено Борусија Дортмунд
Дерби пресметката во Германија дополнително добива на значење поради фактот дека Реал Мадрид нема победа на претходните шест гостувања на „Сигнал Идуна парк“ и претрпе три порази со исто толку нерешени средби.
Реал добро ја отвори сезоната, славеше против АПОЕЛ во Мадрид, а Дортмунд загуби на гостувањето на „Вембли“ кај Тотнем и вечерва ќе ги бара првите бодови.
Овие две екипи и лани исто така беа во иста група, а и двата натпревари завршија со 2-2. Германскиот тим на крајот заврши како прв во групата, но и покрај тоа избраниците на Зинедин Зидан успеаја да станат првио тим кој ја одбранил титулата.
Реал овој дуел ќе мора да го одигра без повредените Марсело, Карим Бензема, Тео Ернандез и Матео Ковачиќ, а Борусија ќе го нема во своите редови главниот играч во тимот, Марко Ројс.
Возбудливо се очекува да биде и во Франција, каде шампионот Монако ќе го пречеква Порто и секако тоа ќе претставува дуел на две исклучително напаѓачки екпи кои обично даваат многу голови. Особено поради фактот дека и двете екипи ќе бркаат победа, пред сѐ поради слабиот старт во првото коло.
Ливерпул се крена на нозе по триумфот над Лестер од 3-2, а Кутињо конечно заигра онака како што умее. Ова е само добра најава за Јирген Клоп пред гостувањето кај Спартак во Москва, како и резултатот од пред 15 години, кога славниот англиски клуб славеше со 3-1.
Лига на шампиони, 2.коло:
Група Е: Севилја-Марибор, Спартак Москва-Ливерпул
Група Ф: Манчестер Сити-Шахтјор, Наполи-Феенорд
Група Г: Монако-Порто, Бешикташ-Лајпциг
Група Х: Борусија Дортмунд-Реал Мадрид, АПОЕЛ-Тотенхем.