Сисоко направи старт за затворска казна, а не доби ниту картон! (ВИДЕО)
Искусниот играч во 24. минута од мечот стартуваше над младиот дефанзивец на Манлестер Јунајтед, Дениел Џејмс, а потоа намерно го нагази со крампоните од копачката по стомак во моментите додека тој лежеше на терен.
Инцидентот се случи откако Ентони Мартијал му донесе водство на Јунајтед во 21 минута.
Многумина сметаат дека по овој неспортски потег Французинот требал директно да биде исклучен, но тој не доби ниту жолт картон.