Арсенал се договори со Реал за Себалјос – Шпанецот доаѓа на едногодишен заем

Лондонски Арсенал синоќа се договори со Реал Мадрид за шпанскиот репрезентативец Дани Себалјос, кој на „Емирати“ ќе дојде на едногодишен заем, објави „Би-Би-Си“.

Себалјос беше една од главните мети на тренерот Унај Емери, а Арсенал успева да го добие пред Тотнем, откако Себалјос се решил да ја прифати понудата на менаџерот по разговорот, откако му се допаднала идејата и плановите за него во тимот. Инаку Себалјос доаѓа во Арсенал за да го пополни испразнетото место на Арон Ремзи, кој како слободен играч замина во Јувентус.

Покрај Себалјос, Арсенал се договрил и со Сент Етјен за да го купи дефанзивецот Вилијам Салиба (18), екстра-талентираниот стопер, кој во Лондон ќе дојде идното лето. Арсенал за него плати 27 милиони евра, а и за овој играч го победи Тотнем. Според британската мрежа, во новата сезона Салиба останува во Сент Етјен на заем, па во летото 2020 ќе се пресели на „Емирати“.