Металург доби противник од Полска, Куманово ќе се соочи со чешка екипа во ЕХФ-купот

Македонските екипи ЖРК Металург и ЖРК Куманово ги добија противниците во првото коло од ЕХФ-купот.

Металург за противник во првото коло го доби полскиот тим Заглебие Лубин, додека Куманово ќе се пресмета со Славија Прага од Чешка.

Првите натпревари македонските екипи ги играат на седми или осми септември, а реваншите ќе се одржат една недела подоцна.