Хамес Родригез нема ништо против да се пресели во Наполи

Веќе некое време Хамес Родригез се поврзува со трансфер во Наполи. На него му истече двегодишната позајмица во Баерн Минхен, а Баварците не искористија опцијата да го откупат неговиот договор.

Колумбијскиот репрезентативец нема ништо против да се пресели во редовите на клубот од Неапол.

„Наполи има голема историја уште од времето на Диего Марадона. Мислам дека многу добро ќе се снајдам таму. Сепак, во моментов размислувам само на репрезентацијата и на Копа Америка“, кажа Хамес Родригез за медиумите по мечот против Катар.