Рамос: Не ни судат пенали, за разлика од Барса
По натпреварот, капитенот Серхио Рамос изјави дека ситуацијата е веќе алармантна, како и дека Реал под иднот мора да почне да постигнува голови, а во изјава за една шпанска телевизија, ја вмеша и Барселона во целата приказна.
„Кога станува збор за судењето, тоа станува сѐ полошо. Воопшто не сум изненаден што нѐ свират судиите пенали за нас, иако тоа го прават кога во прашање е Барселона. Но, мора да се почитуваат официјалните лица. Сепак, немаше да зборувам за судиите доколку дадевме три гола против Бетис. Ова е очаен старт на сезоната, но не смееме да паничиме и покрај ситуацијата на табелата“, додаде капитенот на Реал Мадрид.
Реал Мадрид по поразот од Бетис падна на седмата позиција на табелата во Ла Лига и уште од оваа фаза има седум бода помалку од првопласираната Барселона.