Единсон Кавани се договори со новиот клуб - ќе игра во Шпанија
Наводно, голгетерот на ПСЖ веќе ги договорил условите во шпанскиот тим и само се чека официјална потврда на трансферот. „Атлети“ ќе платат мало обештетување, бидејќи договорот на Уругваецот со „светците“ му истекува во јуни 2020 година.
Антоан Гризман и Диего Коста си заминуваат од Атлетико Мадрид, како и Никола Калиниќ, па новото напаѓачко дуо на Диего Симеоне треба да го сочинуваат Алваро Мората и Единсон Кавани.