Бразилскиот селектор ги шокираше сите со списокот со фудбалери за Копа Америка  

Бразилскиот селектор Тите објави денеска листса со фудбалери, на кои ќе смета во наредниот период и на него се наоѓаат голем број ѕвезди како Алисон Бекер, Нејмар, Филипе Кутињо, Габриел Жесус...

Меѓутоа, навивачите останаа во шок, откако видоа дека нема тројца квалитетни фудбалери на списокот.

Еден од нив е Лукас Мура, ѕвездата на Тотнем, кој го урна Ајакс сред Амстердам во полуфиналето од Лигата на шампиони. На листата го нема ниту Даглас Коста од Јувентус, како и Винисиус Жуниор од Реал Мадрид.

Голмани: Алисон, Едерсон, Касио

Дефанзивци: Даниел Алвеш, Фагнер, Филипе Луис, Алекс Сандро, Миранда, Тиаго Силва, Маркињос, Едер Милитао

Среден ред: Касемиро, Фернандињо, Артур, Алан, Лукас Пакета, Кутињо

Напаѓачи: Нејмар, Ричарлисон, Давид Нерес, Евертон Соарес, Роберто Фирмино и Жесус.

Копа Америка ќе се одржи од 14 јуни до седми јули, а Бразил од 2007 година го брка трофејот.