Сопругата на Кејлор Навас (не)сакајќи откри каде ќе брани Костариканецот идната сезона
Многумина се понадеваа дека Навас ќе преживее со враќањето на Зинедин Зидан, ама ангажманот на Куртоа е преголем залак за Белгиецот да биде резерва на „Сантјаго Бернабеу“, па оочигледно Костариканецот веќе нашол нова дестинација. И случајно или не, истата ја откри неговата сопруга Андреа Салас.
Навас и сопругата биле на неколкудневен одмор во Порто, а Салас кратко на социјалните мрежи напишала - „остануваме тука“.
Сооглед дека Порто нема голман откако Икер Касилјас доживеа срцев удар и практично ја заврши кариерата, сега Навас би требало да биде неговата замена на голот на двојниот европски првак.
Останува сепак да се види дали трансферот на Навас во Порто навистина ќе се случи, или пораката од сопругата на голманот е само „лажна тревога“. Навас сезонава во Реал запиша само 19 настапи и е очигледно незадоволен од статусот во клубот.