Металург освојувал многу пехари во македонскиот ракомет, овој во Куманово е шести од Купот и вкупно 12-ти и сигурен е еден од најслатките. Така е зашто е остварен против еден од четирите најдобри тима во Европа, против јасен фаворит и долгогодишен доминатор во нашиот ракомет. Кога Давид ќе го урне Голијат - нема послатко.