Кристал Палас убедлив на гостувањето кај Лестер (ВИДЕО)

Фудбалерите на Кристал Палас забележаа убедлив триумф од 4-1 на гостувањето кај Лестер во рамки на 27. коло од Премиерлигата.

Гостинските фудбалери офанзивно го започнаа натпреварот, а тоа го искористи Мичи Батшуаи кој го отвори резултатот. Во вториот дел, дефанзивецот на „лисиците“ Џони Еванс им донесе израмнување. 

Но, Палас беше решен по секоја цена да стигне до победата. Џејмс Мекартур одлино асистираше до Вилвред Заха, а овој донесе ново водство за гостите. На 3-0 зголеми Лука Миливојевиќ од пенал, додека конечните 4-1 ги постави Заха со својот втор погодок на овој натпревар.

Со оваа победа избраниците на Рој Хоџсон ќе бидат на тринаесетото место со 30 бодови, додека Лестер едно место понапред со два бода повеќе. Во наредното коло Лестер го пречекува Брајтон, додека Палас ќе го угости Манчестер Јунајтед.