Будуќност го изненади Реал Мадрид, Ефес подобар од Дарушафака

Вечерва беа одиграни неколку натпревари во Евролигата, а најголемото изненадување го направи Будуќност, кој го совлада Реал Мадрид со 73-60.

Будуќност ја доби првата четвртина со 19-15, а продолжи со добрата игра до полувреме и замина на полувреме со предност од 36-28.

Во третата четвртина Реал Мадрид играше добро, но Будуќност одолеа и не им дозволи на „кралевите“ да го намалат водството и на крајот ги совладаа со 73-60.

Норис Кол постигна 14 поени во победата на Будуќност, додека кај „кралевите“ најдобар беше Серхио Лул со 10 поени.

Останати резултати:

Анадолу Ефес – Дарушафа 82-68
Жалгирис – Панатинаикос 82-69