Кочов: Агресивноста ни ги донесе посакуваните бодови!
Ова е размислувањето и на тренерот Ѓорѓи Кочов, кој сега ги насочува мислите кон следниот дуел за неговиот тим, в недела против Блокотехна.
„Освен првата четвртина, во која примивме 28 поени и бевме лоши во одбраната, во останатиот дел од мечот бевме одлични и заслужено победивме. Честитки за играчите за борбеноста. Покажавме и планирана агресивност, што резултира со дури 16 украдени топки, зошто сакавме да вратиме за поразот во Мостар, во што и успеавме. Но, овој триумф мора да го заборавиме и да се фокусираме на Блокотехна во домашниот шампионат. Редно е да покажеме дека овој МЗТ може да игра подобро и во македонската лига, не само во АБА“, изјави Кочов.
Следниот дуел, пак, во регионалното натпреварување за „металците“ е следниот четврток на гости кај Сплит.