Хрватски навивач „ни го плесна“: Не е на одмет да се спуштите на земја! (ФОТО)

По натпреварот Македонија - Хрватска (22-31) имаше многу реакции на социјалните мрежи, но еден коментар на навивач Хрват ни застана за око.

На фејсбук-страницата на „Балкан-хендбол“, под извештајот од текстот, еден хрватски навивач ептен „ни го плесна“ в лице. Вели постојано најавувате победи, се замислувате дека сте кој знае што, а немате никакво покритие за таа ароганција.

„Вратени на фабричките поставки. Ги читам коментарите овие денови и намерно ништо не коментирав. Реков, што знам, можеби овие создале некои 'супермени' во меѓувреме, што знам. Иако го следам ракометот и клупски и репрезентативен, си реков, глупаку, можеби нешто си пропуштил. Го чекав овој натпревар за да се обратам на јавноста преку оваа страница и сфатив дека стандардната македонска напаленост, арогантност, потценување беа без покритие како и секогаш. Секогаш Хрватите во сите сфери на животот се арогантни, најдобри...и така натаму, но што се однесува до ракометот, секогаш барем сме имале некое покритие, ако ништо друго поради старите резултати, бидејќи ние, господа, за разлика од вас, нешто сме освоиле. Не, нема господа ние да го освоиме ова првенство (засега победуваме само добри и просечни репрезентации), бидејќи за разлика од вас сме реални. Вам ви препорачувам на идните првенства да се однесувате кон нас со почит, а не би штетело и малку да се спуштите на земја. Можеби тогаш навистина нешто и ќе постигнете, па ќе имате покритие во вашите арогантни изјави и најави. Благодарам. Очекувам навреди, но јас сум само еден навивач на Хрватска кој следи ракомет подолго од 20 дена во годината и кога не е ЕП, СП, ОИ.“, пишува Тони Аџиќ.