МТВ 2 го бојкотира Стоилов: За нив е само - „играчот со број 5“! (ВИДЕО)
Станува збор за уредникот на спортската редакција на албански јазик во МТВ, Мустафа Адеми, кој коментирајќи ги случувањата од Минхен во ниту еден момент не го изговорил името на капитенот на Вардар туку кога тој бил во центарот на вниманието за него го користел терминот „играчот со број пет“. Според медиумите кои излегуваат на албански јазик, причина за ваквиот скандалозен однос на човек кој е платен од државни пари е реакцијата на Стоилов на неодамнешниот избор на „Спортист на годината“ од страна на Агенцијата за млади и спорт, кога реши предвреме да си замине поради нејзиниот двојазичен каркатер.
Ова е е првпат во историјата на македонското новинарство, а најверојатно и во светски ракми, некој коментатор да го игнорира односно бојкотира играчот на репрезентацијата од државата во која живее. Без разлика на неговото лично мислење односно неговиот став поврзан со Стоилов, користењето на работното место во телевизија со предзнак национална, е повеќе од катастрофално и скандалозно.
Сега останува да се види дали ќе има реакција од челниците на МРТ, односно дали тие ќе го санкционираат ваквото политиканство и изразување на лични ставови директно во етер на фрекфенцијата на телевизијата на која најмалку би требало да се дозволени вакви авантуристички потфати кои му штетат на реномето на сите вработени во неа.
ФОТО+ВИДЕО: Инфоспорт.мк