Нурмагомедов го уништи Мекгрегор: Ќе живееш со тој срам до крајот на животот!
Ирецот на Инстаграм се реши да „се отвори“, иако на многумина не им беше јасен поводот за реакцијата. Во исчекување на римеч помеѓу овие двајца, Мекгрегор и Нурмагомедов повторно се најдоа во фокусот на јавноста.
„Немој да бидеш ку*ва! Секоја рунда се жалиш на судиите, се однесуваш како кучка и кога имаше горна позиција. Тоа ме збунуваше, а ако требаше некој да се жали, тоа требаше да бидам јас. Но, борбата си е борба, на кого му е гајле. Плачеше кај судиите како права ку*ва. А, јас се обидував да му ги забијам прстите во неговото адамово јаболко. Многу поединци во овој бизнис се апсолутни ку*ви. Знам дека сте момци без пари, ама немојте да бидете ку*ви“, напишал Мекгрегор.
И следеше експресен одговор од Дагестанецот, кој буквално го закопа Ирецот.
„Ќе живееш со овој срам до крајот на животот, пи*ко!“, напишал Нурмагомедов со сликата од техничкиот нокаут во епската борба во Лас Вегас.