Навивачите збеснаа: Лукаку се посрамоти и против Валенсија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер јунајтед и покрај поразот од Валенсија во шестото коло од група Х обезбедија пласман во осминафиналето на Лигата на шампиони.

„Црвените ѓаволи“ го освоија второто место со два бода помалку од Јувентус и два повеќе од Валенсија, а дуелот на „Месталја“ го одбележа катастрофалниот настап на Ромелу Лукаку.

Белгицот го изгуби секој дуел против шпанскиот тим, а сезонава во 21 меч постигна само шест голови. Лукаку го загуби местото во првиот тим, а  пред две лета беше платен 85 милиони евра.