Погоди реми на боксерски меч за светска титула и си ќари 12.500 фунти (ВИДЕО)
Можеби звучи чудно, но и во боксот има реми, што навистина ретко се случува. Не е вообичаено вакви борби да завршуваат без победник, но судиите не можеа да се одлучат за Вајлдер или Фјури.
Сепак овој конечен резултат му донесе многу радост на еден Англичанец, кој уплатил 500 фунти дека борбата ќе заврши нерешено. Тој си заработи 12.500 фунти со оглед на фактот дека коефициентот беше 25 за реми. Го частеше цел паб шампањ наместо пиво. Алал нека му се парите, бидејќи е вистински среќлија.