Македонија чека противници за Евро 2020 во најлудата ждрепка во историјата
Македонија од претпоследниот барабан влегува во ждрепката во која има улога на „тотален аутсајдер“, но во зависност од среќата, црвено-жолтите може да добијат група во која може да се надригруваат, па дури и да се надеваат на пласман на првите две позиции, но и група во која реално ќе бидат без шанси и практично ќе може да се концентритаат на домашниот плејоф во полуфиналето со Косово, пресметка во март 2020 година.

Првата „нагазна мина“ е бившиот европски и светски првак Германија, која е во вториот барабан, па добивањето на овој великан ќе значи само по себе „група на смртта“, особено ако в истата се најде некоја од селекциите-великани како Шпанија, светскиот првак Франција, еврпскиот првак Португалија, четвртата селекција на последното СП, Англија или ептен атрактивната и полна со ѕвезди Белгија. Од друга страна Македонија може да се надева на среќа дека од шеширот со гиганти ќе ја добие „најслабата“ Полска, па од вториот Исланд, чија селекција е во вртоглав пад во последната година, потоа Израел или Финска , кои не се ништо подобри од Македонија, а се пласирани во третиот барабан, како и Кипар или Естонија во четвртиот. Во последниот барабан се селекции кои не треба да претставуваат проблем за да се победат. Тоа што може да се случи е Македонија да добие „ју-котел“ и цела група да биде со селекции од поранешна Југославија, нешто што не го посакува ни селекторот Игор Ангеловски.
Сепак, големите рестрикции, досега невидени за било која ждрепка го прават формирањето на групи неверојатно комплицирано и лудо, па Македонија за да добие група по мерка ќе треба да има неверојатна среќа. Прво при ждрепката, 12-те домаќини на Евро 2020, кое ќесе игра низ Европа ќе имаат предност за да имаат полесен пат до пласман, што значи нема да има повеќе од две селекции од овие домаќини во групите. А, организатори на Евро 2020 се: Азербејџан, Данска, Англија, Германија, Унгарија, Италија, Холандија, Р. Ирска, Романија, Русија, Шкотска и Шпанија. Втора рестрикција е дека во група нема да може да играат Србија со Косово, БиХ со Косово, Ерменија со Азербејџан, Гибралтар со Шпанија и Украина со Русија, поради затегнатите политички односи, што носи само посебе голем безбдносен проблем. Третата рестрикција е дека ќе има „полудиригирана ждрепка“ за селекции каде во есенско-зимски услови има голем студ, а тоа посебно се однесува на земјите од Северна Европа. Четвртиот услов е да нема повеќе од едно џиновско гостување по колометража, а ова посебно се однесува на Казахстан, кавкаските републики од бивш СССР кој најападните делови на Стариот континент.
И кога сè ќе се сведе, Македонија ќе треба да има екстремно голема среќа за да си добие група по мерка. А, селекторот на црвено-жолтите Игор Ангеловски веќе објави дека има свои желби и тоа Италија, Исланд, Израел/Турција, Кипар/Естонија/Грција и било кој од последниот барабан. Во оваа група Македонија може да бара второ место и директен пласман на Евро 2020, за да не го чека плајофот во март 2020.
Како и да е, Македонија има две шанси за да стигне до историски пласман на Евро 2020, прво преку редовните квалификации, ако добие група по мерка и реално противници со кои може да се надева и да се надигрува. Или ќе мора да ја „тепмира“ формата за март 2020 прво со пресметката со Косово, а потоа и за финалето со победникот од мечот Грузија – Белорусија, под услов ниту една од овие три селекции покрај Македонија да не обезбеди директен пласман на континенталниот шампионат.
НАЈАТРАКТИВНА ГРУПА
Франција, Германија, Србија, Грција, МАКЕДОНИЈА
„НАЈЛЕСНА“ ГРУПА
Полска, Исланд, Финска/Израел, Кипар/Естонија, МАКЕДОНИЈА, Сан Марино
ЈУ-ГРУПА
Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, МАКЕДОНИЈА
НАЈТЕШКА, А НАЈМАЛКУ АТРАКТИВНА
Швајцарија, Русија/Украина, Словачка/Шкотка, Романија, МАКЕДОНИЈА