Aрсенал сезоната во Премиер лигата ќе ја заврши со нов дрес (ФОТО)
И овојпат дресот е изработен во соработка со „Адидас“, а на истиот секако доминира традиционалната црвена боја, меѓутоа се додадени и нови детали.
Премиерно избраниците на Артета во овој дрес ќе истрчаат на последниот домашен натпревар сезонава в понеделник кога ќе го пречекаат Барнли. Арсенал во овој дуел можеби би имал и можност да слави титула со победа, ако Сити не го победи Бормут претходно.
Натпреварот в понеделник е закажан за во терминот од 21:00 часот.

Фото: Arsenal FC