Фудбалскиот Мундијал првпат во историјата нема да се пренесува на МТВ!
Правата на пренесување на средбите од најсилниот светски фудбалски собир за просторот на поранешна Југославија (освен Хрватска) го има регионалната спортска телевизија Арена ТВ преку која македонските спортски вљубеници ќе може да ги следат средбите од Мундијалот. Веќе подолго време се подготвува проектот за македонска верзија на спортската телевизија, па според сите најави треба преносите од СП 2026 да бидат со коментар на македонски јазик.
Ова е втор голем фудбалски настан кој нема да биде пренесуван на националниот сервис, по ЕП 2008, кое беше пренесувано на телевизија Алсат.
