Мурињо: Ме боли тоа што му се случува на Арбелоа

Во изминатите денови една од најактуелните ситуации во фудбалот е онаа во Мадрид, а сега на таа тема зборуваше и Мурињо кој ако не се случи некаков пресврт веројатно ќе биде новиот предводник на „кралевите“ од наредната сезона.

По вчерашниот дуел против Овиедо во јавен судир влегоа Мбапе и тренерот Арбелоа, Мурињо вели дека не му е сеедно тоа што му се случува на шпанскиот стратег.

„Ме погоди кога го слушнав тоа, бидејќи Арбелоа ми е пријател. Кога беше играч, Алваро даваше сè од себе за тимот што јас го водев. Но, така е кога си тренер. Понекогаш им велам на поранешните играчи да видат колку бели влакна ќе имаат кога ќе станат тренери. Тогаш сфаќаат дека е полесно да си играч отколку тренер“, изјави Мурињо.

Искусниот Португалец, како што пренесуваат повеќе странски медиуми, е прва опција за нов тренер на Реал Мадрид. Арбелоа пристигна без тренерско искуство, откако отказ доби Чаби Алонсо меѓутоа не успеа да донесе подобри резултати.

Ќе потсетиме, „кралевите“ сезоната ја завршија без трофеј.

Фото: Benfica SL